Британските лекари ќе пишуваат рецепти за часови по готвење и за групи за пешачење, како дел од напорите на владата за борба против социјалната осаменост.
Премиерката Тереза Меј ја опиша осаменоста денеска како „еден од најголемите предизвици во јавното здравје на нашето време”, нагласувајќи дека осаменоста е поврзана со голем број на срцеви заболувања, мозочен удар и Алцхајмерова болест
Владата вели дека околу 200.000 постари луѓе низ целата земја велат дека повеќе од еден месец немаат шанси да разговараат со некој пријател или роднина Стратегијата за борба против осаменоста на владата воведува „социјални рецепти” до 2023 година и му е дозволено на лекарот да препорача групни активности, како лекции за готвење, групи за пешачење и уметнички клубови, наместо лекови. Околу 1,8 милиони фунти се наменети за таа иницијатива.