Стотици луѓе трпеливо чекаат во редица во близина на главниот плоштад „Пуерта дел Сол“ во Мадрид за да земат божиќен билет за лотарија.

Најчесто уплаќан износ е 20 евра, со што можат да се освојат до 400.000 евра.

Граѓаните се надеваат на најголемата награда за лотарија во светот. Ел Гордо (во превод дебела) е првата добивка на шпанската лотарија според која денеска ќе бидат поделени 2,3 милијарди евра.