Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 9 денари и  литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за  9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.

Оваа корекција Регулаторната комисија ја направи откако на владина седница се  донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема  да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од  светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

 

Најавите за ваквото зголемување  ги наполни бензиските.  Во редици граѓаните чекаа да наточат гориво пред утрешниот скок на цената.

  • Тоа е тоа не зависи  од нас тоа, колку е толку е ако сакаме да возиме мора.
  • Нормално тоа е светска цена на берза
  • За наши стандарди е превисоко,
  • Дојдов поради поскапувањето , цените се и онака високо најавија за околу 10 денари тоа е удар…

Експертите претходно предупредија  дека ако не се преземе нешто  откако ќе престане  нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се  одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе се зголеми,  но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опоцизијата пак предложија , со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на  годинава да  биде 5 отсто.