Точно на 8-годишнината од најголемиот македонски резил кој на народот и државата му го приредија СДС и Заевци со непочитувањето на громогласното народно НЕ! за промена на исконското име на државата, истата таа СДС преку Богданка Кузеска побара власта да одржела референдум за рудниците во кривопаланечко, пишува Курир.

Обраќајќи му се приземно и без грам култура на премиерот Мицкоски на „ТИ“, небаре се некакви маалски јарани и изразувајќи краен недостиг на домашна култура и почит кон институцијата премиер, „другарката“ Богданка свреска од говорницата на Бихаќка:

„Не само пред камери и за телевизија. Прашај го на референдум!“

Со перфидно мото кое е резултат на Фојдовиот комплекс кај нив -„Македонија не е на продажба“, порака која им „стои“ како пижами на слон, ретроградната и антимакедонска партија која во исто време е и против економски прогрес со ископ на антимон по сите еко-стандарди и нема поим што се тоа дата-центри, странски измеќари кои се плашат од успех и економски бенефит на сопствената држава кој со право ќе им се впише на нивните политички портивнци кои ги гледаат како крвни непријатели, болумента која напусто ги убедуваше Македонците дека смена на името инстант ќе не внела во ЕУ и мислеа дека така ќе останат на власт, ајвани кои со дигнати палци леткаа со владиниот авион и лажеа за датуми денеска се дрзнува да бара Референдум за нешто за што нема поим, во сопствен инфантилен стил базирајќи се на „рекла-казала бош-муабети“.

Извор: Курир