Прорускиот претставник во украинската областа Херсон, Кирил Стремоусов денеска изјави дека референдумот за присоединување кон Русија е одложен поради безбедносната ситуација.
Според него важниот мост Антоновски, кој е на реката Дњепар во близина на градот Херсон, повеќе не може да се помине поради неколку неделното гранатирање од страна на украинските сили.
Украина минатата недела објави дека почнала контраофанзива за повторно заземање на регионот Херсон, што од март е под контрола на руските сили.
Претходно, официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле две места во областа Херсон.