Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега е ред да се извинат на граѓаните на Македонија, се наведува во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Да се извинат за сите лаги, за сите навреди, за сите лажни афери и кампањи со кои ги плашеа луѓето дека „ќе го загубиме името, јазикот и идентитетот“.

Да се извинат за тоа што со години ги мамеа граѓаните дека Преспанскиот договор е „предавство“, а сега самите го прифаќаат.

Да се извинат за сите години изгубени во изолација, за сите блокирани шанси и за сите лажни ветувања.

Ние од СДСМ не бараме извинување за себе.

Ние бараме извинување за граѓаните кои беа измамени, исплашени и манипулирани.

Вистината излезе на виделина.

Сега е време за одговорност.

Реформи сега. Правда сега. Европа сега.