РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Македонија, соопштија денеска од Електрани на Македонија (ЕСМ).
Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува, најавуваат, до крајот на неделата и оваа постројка да биде „на мрежа”.
На 5 ноември вечерта во 22.50 часот изби пожар на Блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои тогаш работеше комбинатот. Огнот изби на изолатор на трансформаторот на Блок 3, надвор од електраната, а во пожарот немаше повредени.