Општина Карпош целосно ги реновираше улиците „Трифун Бузев“ во населбата Карпош 4 и „Атинска“, во населбата Тафталиџе 1.

Освен поставување на асфалтен слој од 559 м2 на ул. Трифун Бузев, со 80 метри на големиот рабник и 80 метри на малиот рабник, на оваа улица исто така се постави нов асфалтен слој и на паркинзите кои се наоѓаат во нејзината непосредна близина.

Поточно, на првиот паркинг беа поставени 540 м2 нов асфалтен слој (голем рабник 145 метри, мал рабник 54 метри), додека на вториот паркинг беше поставен асфалт од 534 м2 (голем рабник 130 метри, мал рабник 29 метри).

Улицата „Атинска“ во должина од 434 метри со дополнителни 20 метри, беше целосно реновирана со поставување на асфалт од 3.107м2 и нов асфалтен тротоар од 565 м2. На истата улица, се асфалтираа 648метри (голем рабник), како и 211 метри (мал рабник).

Општина Карпош и во иднина ќе инвестира сопствени средства од својот буџет, како и финансиски средства, добиени од други извори за реновирање, реконструирање и ревитализација на инфраструкрурната мрежа на целата нејзина територија, по претходно приоритетно утврдени и мапирани локации.