Во годинашното издание од групната фаза на фудбалската Лига на шампиони беа постигнати 308 гола што е нов рекорд во ефикасност. Погодоците се постигнати на 96 натпревари во осумте групи.

Просекот по натпревар е 3,2 гола.

Најефикасен тим беше Баерн Минхен кој оствари шест победи на шест натпревари и постигна 24 гола.

Најмал придонес даде Галатасарај, кој на шест натпревари успеа да постигне само еден гол.