Рекорден број новинари во светот се зад решетки проади извршување на својата работа, меѓу кои и двајца на агенцијата Ројтерс чие затворање во Мјанмар предизвика реакција на меѓународната заедница. Тоа е нагласено во извештај објавен денеска.

Во светот заклучно со 1 декември во затвор се 251 новинар, се нагласува во извештајот на Одборот за заштита на новинари (CPJ).

Трета година по ред повеќе од половината од нив се во Турција, Кина и во Египет, каде властите ги обвинуваат за антивладини активности.

Бројот на новинари што се зад решетки поради „лажни вести“ се искачи на 28, од 21 во минатата година односно девет во 2016 година. Извештајот е објавен во иста недела кога Тајм прогласи неколку новинари како „личност на годината“.