Во Москва во вторникот е постигнат апсолутен рекорд на температурата. Измерени се 21 степен Целзиусов.
Ова е највисоката вредност за 140 години метеоролошки опсервации. Невообичаено топлото време за април ги изненади жителите на Москва. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година, кога беа забележани 20,4 степени.
Денеска се очекува уште потопло време, со температура до 22-23 степени.