Руската Комунистичка партија го поддржа предлогот за вметнување на Господ во текстот на Уставот, што претставува дистанцира од поранешната позиција дека „религијата е опиум за масите“.
Раша Тудеј (РТ) оценува дека Комунистичката партија минала долг пат од Октомвриската револуција и пропагирањето државен атеизам, до актуелниот претседател на партијата Генадиј Зјуганов кој верува дека корените на комунизмот се во христијантсвото.
„Без сомнение Владимир Илич Ленин би се превртувал во гробот на ваквата вест, оценува РТ.
– Пронајдов крилатица на комунизмот додека ја проучував Библијата – оној кој не работи – не јаде. Тоа на многу начини е морален код на христијантството што одговара на комунизмот, вели Зјуганов.
За тоа дали Господ ќе биде ставен во рускиот Устав ќе биде одлучено на национално гласање на 22 април 2020 година, на 150-годишнината од раѓањето на Ленин.