Пратеничката Фросина Ременски пред малку ја откри тајната како нејзината сопартијка и министерка Радмила Шеќеринска стигнува насекаде.

Постот на Ременски на Фејсбук дообјаснува како денеска Шеќеринска од Криволак брзо стигнала на седницата во Собрание на пратенички прашања:

– Од брифингот за „Одлучен удар“ на Криволак накај пратенички прашања… Екстра брзо. Благодарност до екипите, објави Шеќеринска текст и фото на Фејсбук, а Ременски колегијално го реобјави.

Постот дообјаснува како Шеќеринска стигнува со својата агенда секаде да зададе „одлучен удар“.