Интернет страница – ресурсна платформа за пристапување на Република Македонија кон ЕУ, ќе биде презентирана денеска од Евротинк – Центар за европски стратегии” Скопје.
Презентацијата на интернет страницата е во рамки на проектот „Ресурсна платформа за граѓани и медиуми – мк@eu”, како дел од програмата CIVICA MOBILITAS, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СЦД), што го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).