Јакимовски очаен и во паника поради најавената ревизија во Карпош која ќе го разобличи неговото работење и злоупотребите, од што се плаши Јакимовски?
Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.
Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа.
Од што се плаши Јакимовски? Дали поради тоа што знае дека следи ревизија во Карпош на неговата криминална работа? Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат?
Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби и нерегуларности во работата и токму поради тоа сега е во паника. Јакимовски се плаши од ревизијата што ќе го разобличи неговото работење во општината и се обидува да го пренасочи вниманието кон измислени изборни нерегуларности.
Јакимовски е одговорен за бетонизацијата на Карпош, а карпошани го казнија токму поради тоа што Јакимовски работеше за лични интереси и интереси на урбаната мафија, наместо за интересите на граѓаните.
Јакимовски да не се обидува очајнички во овие неколку дена да ги заштити структурите од урбаната мафија и да не потпишува документи, бидејќи ќе следи ревизија на целосното негово работење. Целосна ревизија на финансиското и урбанистичкото работење во општина Карпош.
Новото раководство на Карпош ќе работи посветено во интерес на граѓаните. Карпош ќе се развива преку проекти и работа, чесно и транспарентно. Карпош на чело со Лукровски ќе биде пример за успешна и модерна општина.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




