Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека Киев добил германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т СЛМ, при тоа истакнувајќи дека започна нова ера во воздушна одбрана.

– Ирис-Т од Германија се веќе тука. Доаѓаат американски НАСАМС, напиша Резникот на Твитер.

Тој и се заблагодари на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за нејзината поддршка за Украина.

Германија првично ќе обезбеди на Киев четири од копнените системи од типот Ирис-Т вредни 140 милиони евра, а обезбедено е финансирање за уште три.

Системот се користи за одбрана од напади со хеликоптери, авиони, крстосувачки ракети или ракети. Ирис-Т СЛМ е подвижен и може брзо да ја промени својата локација откако ќе биде идентификуван од непријателот. Еден од овие системи може да заштити град со средна големина. Ирис-Т СЛМ може да погоди цели до 20 километри на надморска височина и на далечина до 40 километри.

Украинските војници се обучени за системот за противвоздушна одбрана.

Кога Украина ќе ги добие останатите три системи зависи од тоа дали Египет ќе се согласи да се пролонгира нивната испорака.