Во Украина пристигна нова пратка оружје од Велика Британија, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.
– Во Украина пристигнаа ракетни фрлачи М270, појасни тој.
Резников на Твитер им се заблагодари на британскиот министер за одбрана, Бен Волас, како и на британските граѓани за претходно ветената донација.
– Вашата поддршка е многу важна за Украина. Нашата војска вешто ќе ја користи оваа замена на бојното поле, додаде министерот.