Австралија за првпат после пет месеци не регистрираше ниту еден случај, соопштија здравствените власти. Во австралиската држава Викторија нема ниту еден новозаразен во последните 24 часа.

– Со оглед на фактот што во остатокот од земјата не се забележани нови случаи, Австралија го дочека првиот ден без пренос на заразата од 9 јуни“, изјави министерот за здравство, Грег Хант.

Тој преку Твитер испрати и благодарност:

– Им благодарам на сите наши неверојатни здравствени работници и пред сè на австралискиот народ, навел Хант на својот Твитер профил.

Брзите и строги мерки во комбинација со дисциплината на нацијата се заслужни за совладување на пандемијата и спречување на преоптоварување на здравствениот систем. Со тоа, сега полека се опуштаат и рестрикциите кои се сметаат за едни од најтешките и најдолгите во светот. Карантинот во Викторија траеше дури 111 дена.

 

Австралија пријави нешто повеќе од 27.500 случаи од почетокот на пандемијата.