Австралиската контрола на лет истражува снимки објавени на интернет на кои се гледа маж како лови риби додека е на дрон.

На видеото се гледа како маж виси на седиште што е прицврстено за дрон на неколку метри над езеро во државата Викторија.

Летечкиот рибар успева да фати риба додека истовремено пие пиво.

Потоа се враќа на брегот каде го дочекуваат одушевени пријатели.

Австралиската мрежа Еј-Би-Си објави дека дронот е дело нд Тим Френч, електричар од градот Санбури.

Портпарол на контролата на лет Питер Гибсон вели дека снимката покажува сериозни безбедносни пропусти.

– Ова е првпат во Австралина дрон од домашна изработка да се користи за некој да лета, изјави тој за телевизијата.