Запушените артерии можете да ги исчистите без употреба на лекови, операции и големи количества витамински додатоци. Ништо не ви е потребно, освен природна храна и лековити билки. Вашиот систем може да се обнови за 30 дена, само што му е потребна посветеност. Еве како да се дојде до таа обнова, според Ричард Шулц, автор на книгата „Лечење на неизлечиви болести“, човекот кој наместо лекови применува неконвенционални методи:

 

Квалитетот на сегашните препарати од глог е лош. Дозите се толку мали што од нив нема никаква полза. Јас користам пет пати поголема доза и тоа само на почетокот, а моите пациенти успеваат да преживеат.

Колку количински јадевте глог кога имавте проблеми со срцето?

Многу. Пиев шест шолји чај на ден. Ги оставав зрната да бидат во вода преку ноќта,а наутро ги варев на тивко 15 минути и од тоа правев силен чај. Зрната потоа ги јадев во текот на целиот ден.

Добро, но колку глог во литар вода?

Во литар вода, цела рака со зрна глог. Тоа е многу повеќе отколку што било кој ќе ви препорача. Тие би ви кажале да земете една лажичка или евентуално една лажица на пола литар вода.

А вие земавте една рака?

Да. А потоа ги јадев зрната. Не ги цедев. Им советувам на луѓето да прават исто така. Сега, кога на тоа додавате дневна доза од лутата црвената пиперка (види претходни продолженија, н.з.) која има врска со циркулацијата, додека глогот го штити срцето, добивате добра заштита. Глогот е всушност добра храна за срцето.

Сите американски билкари зборуваат за глогот, но никој не го користи како вие.

И јас мислам дека они само си играат. Не го користат доволно, туку само неколку капки тинктура, можеби 15 капки три пати на ден. Јас користам 30-35 капки, пет пати дневно. Значи, најмалку 150 капки на ден. Ако се работи за лоша состојба на пациентот, дозата може да се дуплира. Покрај тоа, би давал и најмалку 10 шолји чај на ден. Но, тинктурите во маркетот се слаби. Треба сами да направите јака тинктура од органски глог. Се што треба да направите е зрната да ги издробите во блендер, да ги потопите во вода преку ноќ, потоа ги ставате во блендер со 40-50 процентна вотка, правите каша од тоа, ја оставате смесата да стои две недели до два месеца и на крајта процедувате. Така се добива лек за срце. Всушност, треба да порачате 12 кг зрна од глог. Секој ден треба да пиете силен чај, а зрната да ги ставате во храна или пијалок. Глогот му овозможува на срцето да преживее и со помалку кислород, така што и да имате срцева болест, нема да добиете напад. Треба само да се внимава на зрната од маркет. Тие се такви што јас не можам да ги препознаам. Глогот се врзува за клетките од срцето, па тоа има потреба од помалку кислород. Така што, ако имате запушени артерии, глогот може да ви купи малку време.

 

Така што, ако патите од тешко заболување на срцето, земјате зрна глог, но и додека преминувате на растителен начин на исхрана, користете и други лековити билки и прочистете ја својата крв, па нема да дојде до срцев напад.

Од друга страна, ако веќе сте имале удар, треба да знаете дека клетките на срцето бргу се обновуваат и трпат помала штета ако во крвта е присутен глог. Се разбира, тој нема да делува, ако се храните нездраво. Луѓето излегуваат навечер и „уживаат“. И потоа се изненадени кога ќе добијат срцев удар, иако земале глог. И глогот и другите билки имаат снажно дејство, но само ако со нив се здружи и здравиот начин на исхрана и живот. Накратко, ако пушите три кутии цигари на ден, ништо нема да ве спаси.

 

Рецепт за сируп од глог

 

Еден кг. цели зрна глог ги потопувате во чиста негазирана вода. Водата треба да биде 2,5 см над зрната. Зрната се ставаат во блендер да се сомелат, потоа се потопуваат во вода на еден ден. Потоа водата и зрната ги доведувате до степен на вриење на умерен оган и оставате да вријат половина час, но не на силно вриење. Потоа го исклучувате шпоретот и оставате смесата да стои уште 30 минути. Ги цедите зрната и ја чувате течноста. Кога ќе се олади, ја ставате во фрижидер. Ако има потреба, уште еднаш ги мелете во блендер зрната со вода, за да добиете каша. Таа каша повторно ја ставате на шпорет, уште 30 минути на умерен оган и после тоа уште 30 минути да стои. Уште едно цедење при кое обидете се да го исцедите од сирупот. Ова е малку потешко, па мора да се користи фино платно, преку кое се врши цедењето. Кога ќе се исцеди сиот сок, го мешате со првобитно исцедената вода. Измерете ја количината на мешавината и повторно ставате на умерен оган да врие додека не остане ¼ од количината. Сирупот има неограничен рок на траење, а се зема 6-12 лжици дневно.

Но, да се вратам на црвената пиперка. Со нејзе се третирани стотина луѓе. Незнаењето за својствата на црвената пиперка го одзема животот.

Како тоа мислите дека малку луѓе знаат за црвената пиперка. Што има тука да се знае. Ќе голтнете неколку капсули и тоа е тоа.

Тука грешат сите. Има многу што треба да се знае. Пред се, многумина користат црвена пиперка со недовална јачина. Потоа, не знаат во каков облик да ја употребуваат, како да ја применат, да ја подготват, која доза и кај кои болести. Јас тоа не го научив од книгите. Тие се бескорисни. Научив од луѓето кои умираа пред мои очи.

Да не претерувате малку?

Не, напротив. Имаше 20-30 луѓе кои доживаа шлог среде мојата канцеларија, а јас ги спасував и тоа многу пред да дојде итната помош. Во една ситуација, чекав пациент кој имаше педесетина години. Пред тоа имал срцев удар, па сега почнал да ги применува моите програми за лечење. Бидјеќи доцнеше, и реков на секретарката да провери надвор дали дошол. Кога отишла, го видела во неговото ауто – изгледало како да заспал. Сакала да го разбуди и тогаш хистерично дотрча кај мене велејќи дека е мртов. Јас потрчав до него и видов дека е сино-сив и студен и навистина изгледаше како да умрел. Не дишеше и немаше пулс. Што би направиле во ваква ситуација? Ќе викнете итна помош, но за неа е веќе доцна. Му ставив на овој буквално мртов човек 360 капки од тинктурата од црвена пиперка во устата.

Зар нема тоа да го повреди?

Па што може да го повреди повеќе? Што ако го боли грлото една недела. Тој е веќе мртов! Но, што се случи. Лицето одеднаш му стана црвено и бргу го оживеавме. Во меѓувреме дојде и брзата помош и го однесе. Потоа имав можност да поразговарам со луѓето од брзата помош. Ми рекоа дека никогаш не виделе човек во толку лоша состојба. Преживеа, а потоа се утврди дека до овој удар немал никаква штета на срцето. Мислам дека за тоа заслуга има и фактот што овој човек со месеци пред тоа земал од глогот. Што е поентата. Јас нему му дадов 360 капки. Тоа е доза која никој жив не би ја зел. Втората работа е што тоа не беше обична тинктура од црвена пиперка. Во споредба со мојата тинктура тие од продавница изгледаат како обична обоена вода.