Пејачката Ријана побара од премиерот на Холандија Марк Руте и од министерот за развој и соработка , Согрид Каг, да донираат 100 милиони долари за образование во земјите во развој. На Твитер таа напиша: „Знам дека Холандија вети поддршка за глобалната едукација во февруари, па затоа би сакала кога би ми се придружиле“,
Пејачката од Барабдос побара 100 милиони долари од Холандија за организацијата Глобално партнерство за образование, чиј амабсадор е таа. Донацијата би требало да биде предадена на 29 септември.
Твитот на Ријана за само еден час доби 6000 лајка, а беше ретвитнат 1200 пати.
За сега, според холандските медиуми, нема одговор од премиерот Руте.