Македонскиот „министер за одбрана“ во ракометната репрезентација, голманот Борко Ристовски, денеска преку Фејсбук одговори откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го објави и неговото име во тимот на советници:

– Чест, задоволство, но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт. Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ќе го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија!- објави Ристовски на Фејсбук.