Екипата на Ривер Плејт ќе игра во финалето на Копа Либертадорес, откако ноќеска во реваншот од најсилното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка, го совлада Гремио со 2:1.

Натпреварот одигран во Порто Алегре, Бразил, гостите од Аргентина го добија со гол од пенал во петтата минута од судиското надополнување.

Гремио кој до 82.минута водеше, крајот на натпреварот го дочека со играч помалку поради црвениот картон на Брешан во 88.минута поради играње со рака, при што беше досуден одлучувачкиот пенал.

Лео Гомеш во 36.минута го постигна водечкиот гол за бразилскиот претставник, Рафаел Боре изедначи, а голот вреден финале, од пенал го постигна Гонзало Мартинез.

На првиот дуел со 1:0 славеше Гремио кој е лански шампион, но поради правилото повеќе голови на гости, и покрај вкупните 2:2, понатаму одат Аргентинците.

Противник на Ривер Плејт во финалето ќе биде подобри

от од двомечот Бока Јуниорс – Палмеирас (2:0 по првиот натпревар).