Македонскиот ракометен шампион Вардар првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите го игра на 16. септември против француски Нант.
Во продажба се пуштени билетите за натпреварот, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Црвено-црните се враќаат во Лигата на шампионите, а за првиот европски предизвик на домашен терен ќе биде потребна силна поддршка од трибините. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн преку vtickets.mk.
Во зависност од позицијата (блоковите во салата) цената на влезниците се движи од 400 до 600 денари.




