Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 0,50 денари и ќе изнесува 107,50 денари за литар. Поевтинува и дизелот за еден денар па литар ќе чини 100 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува 105,50 денари за литар.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 1,50 денари и ќе изнесува 98 денари за литар, а поевтинува и мазутот за 0,661 денар кој ќе чини 50,903 денари за килограм.
-РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто во однос на одлуката од 7.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601 процент, кај дизелот за 2,615, кај екстра лесното масло за 2,965 и кај мазутот за 2,754 отсто, се наведува во соопштението.