Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го слави својот 59 роденден, а на 12 мај 10-години претседател на државата.
Иванов е роден на 2 мај 1960 година во Валандово, а првиот мандат како претседател на државата го доби на претседателските избори во 2009 година.
На функцијата стапил на 12 мај 2009-та, а за втор мандат е избран во 2014 година.
Претседателот Иванов претходно беше професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан Прима“ во Скопје.
За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната и спортската фела.
На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора. Во 2014 доби втор претседателски мандат.
Во политички кризните години од 2014 до 2017 се застапува за принципиелна одбрана на уставниот поредок, унитарноста и милтикуртурализмот на Република Македонија.
Континуирано и неотстапно во меѓународни рамки настапуваше во одбрана на уставното име на Република Македонија и во одбрана на историските идентитетски придобивки на македонскиот народ, а тоа го прави и сега на крајот од мандатот.
Според Уставот на Република Македонија, шефот на државата има право од два мандата од по пет години на оваа функција.