Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, објави бугарската национална телевизија БТВ.

Детето, како што пренесе ТВ Сител, има 80 отсто изгореници по телото и итно било пренесено, во придружба на мајка му, во  болницата Пирогов.

Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен.

Инцидентот се случил нешто денеска попладнево.