‘Марка’: Реал Мадрид понудил двојно повеќе од Барса, Родриго е на чекор од потпис со Реал Мадрид!
17 годишниот Родриго е новиот фудбалски бисер на Бразил а Барселона и Реал Мадрид се клубовите кои сериозно загризаа за тинејџерот.
‘Каталонците’ со месеци прават одиди да го ангажираат напаѓачот и понудиле 20 милиони евра. Но се чини дека Реал Мадрид ќе го украде и овој супер талентиран играч со далеку посупериорна понуда.
‘Globoesporte’ пренесува дека ‘Кралевите’ го известиле Сантос дека се подготвени да искешираат 45 милиони евра, сума која е блиску до откупната клаузула на играчот (50 милиони евра).
Пред речиси една година, Барселона беше на чекор до потпис со Винициус од Фламенго, но тогаш Реал Мадрид стапи на сцена, понуди 45 милиони евра (20 милиони евра повеќе од лутите ривали) и го договори играчот кој тогаш имаше само 16 години.
Родриго во моментов се најавува како новиот Нејмар, а пред 12 месеци истите етикети му се лепеа и на Винисиус. Флорентино Перез сака да го донесе и Нејмар на Сантијаго Бернабеу, па ќе биде интересно во иднина да се видат сите тројца Бразилци во ист тим.