Поранешниот челник на ФК Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ, неговиот брат Зоран и поранешниот директор на клубот, Дамир Врбановиќ, како и даночникот Милан Пернар во средата со неправосилна пресуда на Осиечкиот жупаниски суд се прогласени за виновни на обвинувањата на Ускок за извлекување 116 милиони куни (15 милиони евра) од клубот, како и за нанесување штета на државата на име неплатен данок во висина од 11,2 милиони куни (1,2 милиони евра).

Судот пресуди и затворски казни – за Здравко Мамиќ 6,5 години, брат му Зоран 4 годни и 11 месеци, Врбановиќ на 3 години. Осудените ќе мора да ги враќааат и парите.

Ниту еден од обвинетите не се појави во судот. Здравко Мамиќ, пак, е во Босна и Херцеговина и таму може и подолго време да остане зашто има босански пасош. Бидејќи казната за него е поголема од 5 години, тој мора да оди во истражен затвор.

Главната точка на обвнението е за парите добиени од трансферот на Лука Модриќ, за што Мамиќ се бранеше преку својата одбрана дека имал писимен договор:„Па морам и јас нешто да заработам“, изјави вчера Мамиќ, отфрлајќи го обвинението во целост и велејќи дека врз него се врши прогон со однапред подготвено сценарио.

Се оечува пресуда да отиде пред апелација. Но, интересно е што се ќе му конфискува државата на Мамиќ и неговто семејство – му се одземаат 52 милиони куни, како и пари кои ги имаат на нивните сметки тој, неговата сопруга и ќерката, затоа што се смета дека токму тоа се парите кои Мамиќ ги стекнал на незаконски начин. Им се одземаат два стана и гаражи на Цветен плоштад, недижнини како шуми, градежни земјишта, ливади, бротчиња, автомобили „бентли“, „ауди“, и „ленд ровер“. Сето тоа на државата мора да им го дадат во рок од 15 дена.