Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска упари предупредување до претседателот на САД, Доналд Трамп, јави иранската новинска агенција ИНСА.

– Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот, поради тоа можете да зажалите, истакна Рохани.

Тој додаде дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“.

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи вчера  изјави дека преговори со САД би биле „очигледна грешка”, бидејќи според него, Вашингтон е некредибилен.

– Не можете да се потпрете на зборот, ниту пак на потписот на Американците, па затоа преговорите со Америка не би биле од никаква корист, оцени Хамнеи.

Тој го поддржа и предлогот на Рохани за евентуална блокада на извозот на нафта од земјите од Персиски Залив доколку се блокира иранскиот извоз на нафта.