Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Техеран ја поздравува одлуката на Јапонија да не се придружи на мисијата предводена од САД во Персискиот Залив.

– Јапонија најави дека нема да учествува во безбедносните планови на Американците во областа … што е нешто што го поздравуваме, рече Рохани по враќањето од посетите на Малезија и Јапонија. Тој додаде дека Јапонија ќе испрати брод за надзор, но не во Персискиот Залив и Ормускиот Проток. Според најавите, планирано е јапонската операција да го покрие отвореното море во Орманскиот Залив, Арапското Море и Аденскиот Залив, но не и во Ормускиот Проток.