Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека би била „голема грешка“ да се каже дека Техеран нема да одговори на мистериозниот напад врз ирански танкер кој се случи во Црвеното Море кај брегот на Саудиска Арабија пред неколку дена.

Тој на заедничка прес конференција со пакистанскиот премиер Имран Кан рече дека Иран се уште го испитува инцидентот, како и дека има докази за тоа кој стои зад нападот, но не кажа други детали.

Пакистанскиот премиер Кан истакна дека неговата земја е против војна меѓу Саудиска Арабија и Иран.