Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс изјави дека никогаш нема да стане дел од Баерн Минхен. Тој, исто така, додаде дека не одговара на тимот според возраста.

– Јас во Баерн? Никогаш! Нема да ме видите во баварскиот клуб. Ветувам. Покрај тоа, наскоро ќе имам 30 години, а тие сакаат да го подмладат составот на тимот, изјави Ројс.

Фудбалерот е во Борусија од јануари 2012 година. Оваа сезона, Ројс играше на 24 натпревари на кои постигна 24 гола и забележа девет асистенции.