Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе се сретне само со рускиот претседател Владимир Путин за преговори во Турција во четврток и со никој друг од евентуалната руска делегација во Истанбул, соопшти советник на украинскиот претседател за Ројтерс, пренесува БТА.
Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Путин во турскиот мегалополис за преговори кои би ставиле крај на војната во Украина, започната во февруари 2022 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи да се приклучи на овие мировни преговори. Русија сè уште не соопшти дали ќе учествува во преговорите и на кое ниво би биле нејзините претставници.
фото: архива