Калчолигашот Рома му предложи нов договор на играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини.

Дваесет и тригодишниот Италијанец ќе потпише договор до летото 2024 година со плата од три милиони евра годишно, пренесува „Ла газета дело спорт“.

Во исто време, од договорот ќе биде отстранета и клаузулата за можен предвремен раскин на договорот со оштета кон клубот во висина од 30 милиони евра.

Пелегрини оваа сезона настапи само на седум натпревари на сите турнири. Тој пропушти многу натпревари поради повреда. Играчот на Рома со четири додавања по кои е постигнат гол, е меѓу десетте најдобри асистенти во Серија А.