Клаудио Раниери пристигна во Рим на разговори со Рома, објавија италијански медиуми.
Шеесет и седум-годишниот стратег ќе одржи состанок со раководството на „волците“ денес и се очекува да ја преземе тренерската позиција до крајот на сезоната.
Раниери, кој беше отпуштен од Фулам на крајот на февруари, ќе го замени Еузебио ди Франческо, кој беше отпуштен вчера за слаби резултати.
Италијанскиот ментор веќе ги предводеше Рома од 2009 до 2011 година, а неговата професионална кариера како фудбалер започна со тимот на „волците“.