Романската судијка Лаура Ковеси, фаворит за функцијата европски обвинител, е обвинета за корупција, соопшти извор од судот.
Ковеси, која се смета за симбол на борбата против корупцијата, но се соочува со непријателство од страна на романската Влада, ја прими веста за време на шестчасовно сослушување пред специјална комисија, составена од истражни судии.
По сослушувањето, Ковеси изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот.
– Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите, рече Ковеси.
Таа е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење, обвиненија што ги негира.
Обвинувањата може да ги влошат односите меѓу европските лидери и Романија, која е меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.
Поранешната романската специјална обвинителка Лаура Кодрута Ковеси која престојуваше во Република Македонија тогаш и порача на специјалната обвинителка Катица Јанева никогаш да не се разочарува и никогаш да не се откажува при водење на истрагите.
При посетата во 2016 година Ковеси се сретна со Катица Јанева во просториите на Специјалното обвинителство во Скопје. На прашањето тогаш дали на нејзината колешка и дала некаков совет Лаура Ковеси изјави:
– Имам порака до Јанева. Не се откажувај! Никогаш не се откажувај! Направи го тоа за твојата држава и за твоите сограѓани, без оглед на пречките со кои ќе се соочиш и кои ќе ти ги постават, гласи нејзиниот одговор.
Коавеси престојуваше во Република Македонија со цел да пренесе искуства во работењето на нашето СЈО и учество на конференција за борба против корупцијата.