Романците ќе имаат право да го одложат плаќањето на ратите на кредитите во банките за период до девет месеци, објавија романските медиуми.
Министерот за финансии Адријан Кучу соопшти дека Владата ги одобрила методолошките правила на нормативниот акт што ја дава таа можност.
Одредбите се однесуваат и на физички и на правни лица погодени од кризата.