Кристијано Роналдо против Франција за последен пат настапи на едно Европско првенство, но нема намера да стави крај на репрезентативната кариера.

Откако Португалија беше елиминирана во четвртфиналето од Франција, Роналдо се огласи на социјалните мрежи со јасна порака дека сака да продолжи да игра за Португалија.

„Сакамве повеќе. Заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што досега постигнавме. На теренот и надвор од него. Сигурен сум дека сето она што го оставаме во наследство ќе биде ценето и дека ќе продолжиме да го градиме. Заедно.“, порача Роналдо.

Оваа порака на Роналдо покажува дека тој сака да биде дел и од Светското првенство за две години кога ќе има 41 година. Дресот на Португалија досега го носеше на 212 натпревари во кои постигна 130 голови.