Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да присуствува на церемонијата на доделување на „Златната топка“ за 2018 година. Причина за таквата негова одлука е – неговиот пласман на листата на фудбалери, јави Скај Италија.
Доделувањето на Златна топка ќе биде на 3 декември во Париз.

Имено, Роналдо на листата е втор, зад Лука Модриќ од Реал Мадрид, додека трет е францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман.

Роналдо е добитник на „Златната топка“ за 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година.