Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо наводно ќе го купи шпанскиот второлигаш Реал Ваљадолид, пренесуваат бразилските медиуми.
Бразлиски „Глобо“ наведува дека Роналдо за фудбалскиот клуб од Ваљадолид ќе понуди 30 милиони евра.
Претседателот на клубот Карлос Суарес негираше дека преговорите се во завршна фаза.
Некогашниот најдобар фудбалер на светот претходно изјави дека би сакал да купи клуб од шпанската или англиската лига и оти сака да направи нешто иновативно.