Перуански навивачи се меѓу првите од странство кои пристигнаа во Русија за да присуствуваат на Светското првенство 2018.

Перуанците денеска преку Прага пристигнаа во Екатеринбург. Тие откако ќе се запознаат со градот, ќе отпатуваат во руската престолнина Москва каде што ќе присуствуваат на отворањето на Светско првенство (14 јуни) и ќе го проследат дуелот Русија – Саудиска Арабија, а потоа ќе посетат и неколку други градови.

На 21 јуни, тие повторно се враќаат во Екатеринбург, каде ќе ја следат нивната репрезентација на средбата со Франција.

Перу на Мундијалот е во Ц-групата заедно со Франција, Австралија и Данска.