Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој вчеравечер постигна гол против Сампдорија со глава од 2,56 метри, наводно беше изненаден колку високо скокнал.

– Скокнав 71 см? Не го знаев ова. Задоволен сум од резултатот, тоа беше тежок натпревар. Сампдорија одигра многу добро. Сите играчи на Јувентус го покажаа вистинскиот став. Голот беше добар, драго ми е што успеав да му помогнам на тимот да освои три бода. Целиот месец имав проблеми со коленото. Сега сè минато, физички се чувствувам добро. Само сакам да му помогнам на Јувентус да освои титули, изјави Роналдо за „Фудбал Италија“.

Португалецот голот го постигна во финишот на првото полувреме за конечни 2:1 за Јувентус.

Ова беше дуел од 17. коло во Серија А по кој актуелниот шампион е лидер на табелата со 42 бода, три повеќе од Интер кој има натпревар помалку.