Гитаристот на легендарната рок група Ролинг Стоунс, откри дека постигнал голем успех по долгогодишната борба против суровата болест.
– По долгогодишна борба со ракот на белите дробови, го постигнав најзначајниот пресврт во мојот живот. Денес воопшто нема ни траг од болеста, изјавил Рони Вуд.
Болеста му беше дијагностицирана во 2017 година, и успешно излекувана. Во 2020, за време на пандемијата, повторно се соочуи со малигно заболување, ситноклеточен карцином, кој, исто така успешно го победи, напиша Фар аут магазин.
– Двапати го победив ракот. Ми помогна некоја виша сила, длабоко сум уверен во тоа, изјави Вуд во 2021 година.
По докторските анализи направени пред неколку месеци, утврдено е дека болеста е целосно излечена.
– Одлично сум. Пред неколку месеци добив вести од мојот онколог. Ми рече: Рони, повеќе никогаш не сакам да те видам. Потоа додаде: Целосно си чист … Прегрни ме – раскажа Вуд во интервју за „USA Today“. Ја победив лошата болест благодарение на мојата послушност, додаде тој.
Седумдесет и деветгодишниот гитарист неодамна настапи со Мик Џегер на концерт во Лондон. Таму премиерно ја изведоа новата песна „Ringing Hollow“, што ќе се најде на новиот албум „Foreign Tongues“.
Албумот излегува денеска.
Фото: архива




