Која влада и да победи во Грција сметаме дека ќе застане на ниво на одговорноста за мир, стабилност и помирување во регионот, за кое Договорот од Преспа игра клучна улога, вели заменик министерот за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.
Тој оваа изјава ја даде за „Дојче веле“ на грчки јазик во однос на тоа каква очекува да биде позицијата на Нова демократија, во случај да победи на изборите во Грција, јави МИА од Атина.
Рот истакнува дека „Договорот од Преспа е голем успех на надворешната и европската политика на грчката влада“.
-Сметаме дека е факт, која влада и да произлезе, ќе застане на ниво на одговорноста за мир, стабилност и помирување во регионот. Во ова, Договорот од Преспа игра клучна улога, вели Рот за Дојче веле на грчки јазик.
Во однос на предвремените избори во Грција, германскиот заменик министер за надворешни работи, вели дека без да сака да се меша во внатрешните работи на Грција, не смета дека политичката слика создадена по европските избори неопходно ќе остане иста