Denesen.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НИКОЛОСКИ: Тунелот со Бугарија заеднички ќе го градиме, они ќе вложат милијарда ипол за пругата од Софија до Ѓуешево

НИКОЛОСКИ: Изминатата година во патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години

МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО КОС: Владата е цврсто определена за интеграција во ЕУ, но на достоинствен начин!

Еврокомесарката Кос пристигна во Скопје, ја пречека премиерот Мицкоски

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава во однос на лани

Македонија

Судења на „Т“ на СЈО: Талир одложено за 12 јуни

/ 28.05.2019
Share
Судења на „Т“ на СЈО: Талир одложено за 12 јуни

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, „Талир”, се одложува за 12 јуни поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Судијата Осман Шабани, информира дека во 9.30 пред отпочнување на денешното рочиштето адвокатот на обвинетиот Леко Ристоски доставил поднесок од Клиника за дигестивна хирургија со кој ги известува Судот дека обвинетиот Леко од 17 до 27 мај 2019 година се наоѓал на лекување, а на ден 27.05 2019 истиот е пуштен на дома.

Судот, исто така, констатира дека од страна на бранителот Дончо Наков на 27 мај бил доставен поднесок со прилог одговор на барање до Собрание, со кое претседателот на Собранието го известува адвокатското друштво дека барањето за автентично толкување на законот за СЈО доставено од јавниот обвинител Љубомир Јовески е пристигнато на 13.02. 2019 во кабинетот на претседателот на Собранието и по што е процесирано и доставено до Влада за мислење, кое до доставување на овој поднесок не е одговорено.

Адвокатот Дончо Наков, пред Судот наведе дека поднел ново барање до Собранието за ургенција за итно одговарање на барањето за автентично толкување.

Во судница беа присутни останатите обвинети Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои беа спроведени од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: талир
Од истата категорија

МИСАЈЛОВСКИ: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО

Мицкоски ги пречека лидерите од регионот

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

НИКОЛОСКИ: Тунелот со Бугарија заеднички ќе го градиме, они ќе вложат милијарда ипол за пругата од Софија до Ѓуешево

НИКОЛОСКИ: Изминатата година во патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години

(ФОТО) ФИЛМСКА АКЦИЈА НА МВР ВО СТРУМИЦА: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Најнови вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Прага е растурен моќниот „советски НАТО“, по што остана само западниот НАТО и потоа се прошири низ Европа


СВ. ЛЕОНТИЈ, ИПАТИЈ И ТЕОДУЛ: Тој час кога Леонтиј им ја изложи својата вера во Христа, светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул


КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул


МИСАЈЛОВСКИ: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ