Косовската полиција спречила обид за украдена медицинска опрема од болниците во Македонија да заврши во приватна косовска поликлиника во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки.
Косовските медиуми објавиле дека станува збор за опрема вредна 45.000 евра која била купена за само 10 илјади евра, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Случајот е под истрага, а според коосвските медиуми, Шуки има свој бизнис во Косово и Македонија, а поврзан е и со политичари од двете земји.
Тој е сопственик на косовската поликлиника „Авицена КС“ во Приштина. На 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат украден во Скопје, за кој нема повеќе детали.
„По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело“, објавила косовската полиција.
Од македонското МВР потврдуваат дека истрагата е сè уште во тек и на случајот се работи од страна на полициите во двете земји.
Шуки во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на владејачката партија ДУИ и нејзин донатор.
Целата статија на овој ЛИНК.