На рекордно ниско ниво е довербата на македонските граѓани во Европската унија (ЕУ), покажува Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ, изработена од Институтот за демократија Социетас цивилис и Фондацијата Конрад Аденауер.
На ваквите резултати, како што пишува Радио Слободна Европа (РСЕ) влијаеле лански случувања на македонскиот пат кон ЕУ.
Во 2022, 64 проценти од населението позитивно би гласале за членство на Македонија во Унијата, тоа е речиси колку во 2019, кога имало 65 проценти поддршка што дотогаш беше најниска вредност.
Во 2019 Македонија го смени името, по барање на Грција, што беше еден од условите за да почне преговори за влез во Европската унија, но тоа не се случи, оти процеост потоа го блокираше Бугарија.
ЕУ со таканаречениот француски предлог лани се обиде да ги одблокира евроинтеграциите, со што Бугарија го тргна ветото, а земјава почна преговори, но отворањето на поглавјата ќе се случи кога во македонскиот Устав ќе бидат внесени Бугарите, за што нема двотретинско мнозинство во Парламентот.
Категорично евроскептични се 11 отсто од населението.
Забележителен е пад на поддршката за членство во ЕУ кај симпатизерите на СДСМ, додека членството во ЕУ е поддржано од мнозинството симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ
Институтот за демократија седма година по ред ја следи довербата на граѓаните во ЕУ. Највисока поддршка имало во 2014, од 80 проценти, а потоа поддршката со годините опаѓа.
Извор: РСЕ