Прилепчанецот Рубин Лефтер, денеска го објави следното:

Прикјатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на корона вирусот. Моментално сум хоспитализаран во Прилепската болница.

Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работеа во Основното јавно обвинителство во Прилеп и Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувствуваат било какви симптоми, да се јават во Центарот за јавно здравје. Вирусот го добив на работа при контакт со вработените во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација, како и моето семејство.