Американскиот државен секретар, Марко Рубио, денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд е голема победа за американскиот народ.
„Овој историски договор е голема победа за САД и американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД во Арктикот, без никакви трошоци за американските даночни обврзници“, рече Рубио во објава на Икс.
Како што изјави, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе спречи присуство на каков било противник на таа територија и нејзината околина.
„Овој договор трајно и целосно ги решава нашите прашања за националната безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што изјави, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и другите прашања во Гренланд.
Според него, договорот предвидува дека ниеден непријател на САД нема да може да воспостави база, воено присуство или да реализира чувствителни инвестиции во Гренланд без изрична писмена согласност од Вашингтон.




